Доколку просечниот Македонец би имал неограничени средства на располагање и доколку носи одлуки кои зависат единствено од квалитетот на производот што го купува, Македонците би возеле мерцедес, би посетувале концерти на Ју Ту (У2), Нокаут или Каролина Гочева и би пиеле млеко на Бимилк. Ова се резултатите од првото истражување Кјудал - Медал за квалитет (ЉУДАЛ ЉУалитѕ меДАЛ ДЕЕПМА) спроведено во март оваа година во Македонија, од швајцарската организација Меѓународно здружение за сертификација (ИЦЕРТИАС - Интернатионал Цертифицатион Ассоциатион ГмбХ) со седиште во Цирих. Истражувањето беше спроведено преку интернет, учествуваа 1.200 граѓани од Македонија, корисници на интернет, постари од 15 години.
Доколку просечниот Македонец би имал неограничени средства на располагање и доколку носи одлуки кои зависат единствено од квалитетот на производот што го купува, Македонците би возеле мерцедес, би посетувале концерти на Ју Ту (У2), Нокаут или Каролина Гочева и би пиеле млеко на Бимилк.
Ова се резултатите од првото истражување Кјудал - Медал за квалитет (ЉУДАЛ ЉУалитѕ меДАЛ ДЕЕПМА) спроведено во март оваа година во Македонија, од швајцарската организација Меѓународно здружение за сертификација (ИЦЕРТИАС - Интернатионал Цертифицатион Ассоциатион ГмбХ) со седиште во Цирих. Истражувањето беше спроведено преку интернет, учествуваа 1.200 граѓани од Македонија, корисници на интернет, постари од 15 години.
Истражувањето опфати повеќе од стотина комерцијални и некомерцијални категории (на пример најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пејач...).Целта на ова истражување е да ја зголеми популарноста и важноста на квалитетот. Во ова истражување Македонците беа прашани што би купиле и што би користеле доколку парите не би претставувале проблем при купувањето и доколку единствено би одлучувале и купувале врз основа на квалитетот. Со ова се открива што мислат Македонците за вредноста и квалитетот што им се нуди, како и за начинот на кој тие го препознаваат и го ценат квалитетот.
Истражувањето на пазарот не го мери пазарниот удел (продажбата) ниту моќта на брендот, туку исклучиво искуството и мислењето на корисниците, за тоа, кој според нив, нуди највисок квалитет во определена категорија во нивната земја.
Во комерцијалните категории од истражувањето македонските граѓани, како снабдувачи со апсолутно највисок квалитет ги избраа: Бимилк (категорија: млеко); Нескафе (категорија: инстант кафе); Пелистерка (категорија: минерална вода); Нивеа (категорија: крем за лице); Дел (ноутбук компјутери); Адидас (спортска облека)...
На прашањето кој е најдобар производител или на снабдувачот на семејни автомобили најголемиот дел од испитаниците, на ова прашање одговориле со - Мерцедес".
Кога станува збор за квалитетот на лица, проекти, организации... испитаниците кои учествуваа во истражувањето го избрале ФК Металург за најдобар во категоријата најдобар спортски клуб во Македонија (без оглед во кој спорт), додека Перо Антиќ беше избран за најдобар во категоријата најдобар спортист/спортистка во Македонија.
За најдобра македонска музичка група, најголемиот дел од учесниците ја избраа Нокаут, додека во категоријата најквалитетен музички изведувач, најмногу им се допадна Каролина Гочева.